Програма

Програма за работа за 2020 година “3 Д ФЕНИКС ЕИД“, во својата работа ќе се ориентира по стратешките цели за кои е основана, и тоа: 

Унапредување на животот и правата на лицата од социјално загрозени категории овозможувајќи им ги потребните стоматолошки и други здравствени услуги; мобилизација и соработки со други физички и правни лица за подобрување на услугите кон лицата од социјално ранливите категории; подигнување на свеста во јавноста за навремено и континуирано вклучување на овие маргинализирани лица во општествено-социјалниот систем во земјата; организирање на камањи и хуманитарни настани за потребите на оваа категорија на лица, по претходно утврдени проектни активности градење на партнерства со јавни и приватни организации и лица за интегрирање на лицата од социјални категории во општествено-социјалниот систем; промовирање на позитивни примери и пракси и поттикнување на иницијативи кај приватните и јавни претпријатија за иновативни решенија за вклучување на овие лица во секојдневниот живот. 

За таа цел, Програмата за работа за 2020 година ќе ги содржи следниве активности: 

*Презентирање на планот за пружање на стоматолошки и други здравствени услуги пред приватни здравствени, но и јавни организации и нивно вклучување согласно воспоставениот план; *Воспоставување на мрежа на физички и правни лица кои ќе дадат значаен придонес во пружањето на потребните услуги за социјално ранливите категории; *Анализа и истражување за правилно насочување на ресурсите согласно потребите на целната група *Организирање на хуманитарни настани и кампањи за поголема мобилизација на средства и човечки ресурси за оваа целна група *Креирање на проекти и програми за развој на нови социјални услуги во општините во земјата *Воспоставување на форми на комуникација и соработка со релевантните институции од областа на здравство и социјални работи од земјата и странство *Мобилизирање на ресурси преку учество како носители или партнерство во меѓународни проекти *Промовирање на поголема медиумска видливост за интегирање на овие лица во општествено-социјаниот живот во земјата *Промовирање и поттикнување на медиумска писменост за сензибилизрање на новинарите за оваа група на социјално загрозени лица