3D FENIX AID е ГЛАСОТ на невидливите, дезинтегрираните и ранливите категории на лица во општеството. Нашите активности се фокусирани во идентификување на тие лица, да ги организираме и слушнеме нивните здравствено – социјални потреби и проблеми, а потоа и да ги решиме заедно со здравствените, социјалните и други релевантни институции.
Приближување на стоматолошките услуги преку формални соработки на локално ниво до децата од социјално ранливите категории и други лица во социјален ризик. Го подобруваме оралното здравје на лицата кои се “невидливи“!
Ги следиме политиките од социјалната и здравствената сфера, консултирајќи стручни лица и лица од крајните корисници, ние креираме системизирани ставови. Иницираме и нудиме решенија !
Ги идентификуваме и овозможуваме видливост на потребите на најмалите, од претшколска и школска возраст од социјално ранливите категории. Социјалните и здравствените потреби се наш фокус во креирањето на активностите!
Континуирано сме посветени на утврдување на потребите на младите од социјално ранливите категории и од сферата на образование, домување и вработување. Развиваме модели за нивно интегрирање во општествено-социјалниот систем!
Политиките и активностите ги градиме на основа на претходни анализи и истражувања. Фактите се наша водилка во работата!
Градиме партнерства со локалните самоуправи, институциите од локално и централно ниво од социјалната и здравствената област, а бизнис заедницата е наша континуирана поддршка!
Интересите и потребите на лицата од социјално ранливите категории се претставени пред релевантните институции. Транспаретно и одговорно ги презентираме во јавноста и пред институциите во земјата и странство!