Преку вмрежување на организации до подобри услови за  социјално ранливите категории на граѓани

Здравје за сите, достоинствено детство, еднакви здравствени и социјални услуги… И кога некој од бизнис заедницата ќе ги препознае иницијативите и заложбите на ентузијастите од Здружението за поддршка на социјално загрозени категории на лица 3D FENIX AID кои работат на интеграција на социјално ранливите категории во општеството во сите сфери, а тоа е признат поединец во општеството кој подолго време вложува во обезбедување на бесплатни стоматолошки услуги за социјално ранливите категории на граѓани ветува соработка со многу заеднички активности.

Соработката на тимот на 3D FENIX AID и Поликлиниката на примарно ниво ПЗУ Д-р Жикица Ѓорѓиевски од Скопје ја официјализиравме со потпишување на Меморандум за соработка во делот на обезбедување на стоматолошки бесплатни услуги за социјално ризичните категории на лица во Скопје на 17 август, 2020 година.

Првата заедничка активност е организирање на “Недела за здрава детска насмевка“ од 21- 26 септември, 2020 во Поликлиниката на д-р Жикица Ѓорѓиевски, за децата од социјално ранливите групи, децата од претшколска и школска возраст, односно сите деца и нивните родители кои водат грижа за денталното здравје. Со тоа сакаме да дадеме придонес во подигнувањето на свеста за редовни стоматолошки прегледи и грижа за детското орално здравје.

Децата ќе добијат и  симболични подароци од Здружението 3D FENIX AID, како и од спонзорот на настанот Pope Company, компанија за целосна рекламна услуга. Поддржувач на настанот е  Друштвото на доктори по дентална медицина од Македонија.

Донирај насмевка, донирај среќа– нека биде инспирација и на други општествено одговорни компании кои може да се приклучат на иницијативата на Здружението за обезбедување еднакво и правично општество за сите категории на лица од сите возрасти.

Спонзор на настанот:

Поддржувачи: