SZU GmbH, проценителна компанија

SZU GmbH, е успешна проценителна компанија од Јужна Германија со седиште и во Скопје со долгогодишно искуство на германскиот пазар и во регион. Во Скопје е етаблирана како овластена централа на проценители, стручно обучени за професионала проценка на штети на автомобили, мотори, бродови, градежни и земјоделски машини, веќе 8 години.  Стручно мислење за настанати штети кај моторните возила е нивна специјалност и главна дејност.
По испишувањето на успешната приказна за реномирана компанија во делот на проценката на штети кај моторни возила во Јужна Германија, г. Јохан Кек ја проширува дејноста со проценки и во другите земји во регионот. Од 2013 година кога се отвора и седиштето на СЗУ ГмбХ и во Скопје.

Дејноста

Проценка и услуги

Препознатливост

Клиентите во Македонија може да сметаат на професионалната услуга на високообучениот кадар кој гарантира за проценката и го намалува ризикот од евентуални манипулации и злоупотреби.

Специфика

Висококвалификуван персонал, кој во секое време е достапен преку нивната диспечерска служба. Специфичната дејност бара брза и ефикасна услуга, а нивниот тим е исклучително подготвен за брза интервенција на самото место на настанот.

Хуманост

Општествена одговорност ДА, со донирање но и со вложување во нови услуги и современи професии. Децата се иднината, а изборот на професијата е портата на истата. Помагаме во изборот!