Попе Компани
Корпоративната одговорност на Попе Компани како резултат на континуираниот квалитет, инвестиции и влог во човечкиот капитал.
Хуманитарната и промотивна приказна за “Недела за здрава детска насмевка “ од 21-26 септември, 2020 во организација на Здружението за поддршка на социјално ранливите групи“ 3D FENIX AID“, Скопје и Стоматолошката поликлиника “Д-р Жикица Ѓорѓиевски“ од Скопје ја испишуваме заедно со нашиот спонзор Попе Компани од Скопје, познати како компанија што нуди комплетно рекламно решение и реализација на сите идеи за рекламирање.
Дека се работи за општествено одговорна компанија може да потврдиме преку нивната несебична и искрена поддршка на настанот кој пред се е наменет за лицата од социјално ранливите семејства и категории на граѓани, но и за сите деца и родители кои водат грижа за детското орално здравје. На секое дете покрај комплетниот стоматолошки преглед му се додели и пакет од Попе Компани со материјали за училиште, брендирана маица и заштитни маски.
Корпоративната одговорност на Попе Компани произлегува од нивната долгогодишна, квалитетна и континуирана работа и позитивен пристап во работата со клиентите, во областа на рекламирањето, каде од 1997-та година од фамилијарен бизнис, веќе во 2002-та година прераснува во стабилно претпријатие следејќи ја потребата од постојани инвестиции во опрема за работа. Но, градењето на една ваква компанија е возможно и со инвестирањето во развојот и едукацијата во човечкиот капитал, што е позитивен пример што треба да го следат и други претприемачи и компании во земјата.
Повеќе од 3000 задоволни клиенти, повеќе од 500 артикли од познати брендови, 500 000 различни реклами материјали на залиха, брза достава со сопствени комерцијални возила, извозно ориентирани во земјите од регионот е дефиницијата за успех на Попе Компани.
Посакуваме уште многу задоволни клиенти, поддршка во заедницата и ранливите групи и да продолжи да претставува светол пример за континуиран квалитет во услугата, позитивен пристап кон клиентите и развој и инвестирање во компанијата и човечките ресурси.
Заедно градиме трајни вредности!