Прим. Д-р Слободанка Савеска-гинеколог-акушер, Прилеп
Д-р Слоданка Савеска е познат гинеколог-акушер во Диспанзерот за жени при ЈЗУ Општина болница во Прилеп. Од 1993 година до денес се грижи и за здравјето на жените во Прилеп и околината како матичен гинеколог во истата болница.
Дејноста
Гинекологија
Препознатливост
Гинекологијата и акушерството и практичните примери од секојдневата работа ги има и научно обработено и презентирано како научни трудови на повеќе меѓунаордни конгреси и научни собири. Има учествувано на повеќе едукации и семинари во земјата и странство. Заради активниот придонес во медицинската наука во 2005 година се стекнала со звање примариус
Специфика
Енергијата и посветеноста на секое поле ја црпи од јогата, каде постојано ги следи новитетите преку учество на јога семинари во организација на Јога Сојузот на Македонија под водство на учителот Павлос К. Хасанагас
Хуманост
За да направиме некоја промени, мора да почнеме со мали чекори. Секој влог во децата и младите е влог во иднината. А од нас зависи каква иднина ќе овозможиме!